
Спречен пожар од запалени стрништа во кочанско
Палењето на стрништата во кочанско поле синоќа ќе предизвикаше катастрофа, пожарите се доближиле на 100 метри од бензинска пумпа, а загрозени беа и животот и безбедноста на граѓаните кои патуваа по магистралниот пат Штип-Кочани. Командирот на кочанската противпожарна единица вели дека досега ги имале најтешките 16 интервенции по нивите, а безпрестан работеле 12 часа.
Во кочанско гореа 35 хектари земјиште, се гаснеше од селата Оризари до Чешиново. Ветрот дополнително им го отежнуваше гаснењето на огнот. Палењето на стрништата почна со подготовката за сеидба на ориз. Пожарникарите бараат инспекторите да излезат на терен.
Лани на истокот беа поднесени над десеттина пријави за палење на стрништата, а во еден ден во светникослкиот регион изгореа 200 хекатри овоштарници, лозови насади, борова шума и сува трева.
Викторија Јованова