
ВМРО-ДПМНЕ наредната недела ќе ја соопшти предизборната коалиција
Наредната недела ВМРО ДПМНЕ ќе соопшти со кои партии е договорена предизборна коалиција.
Очекува тоа да бидат стандардните партнери, но ќе има и нови. Меѓу нив, нема да биде ниту една партија на етничките албанци, рече лидерот Христијан Мицкоски.