
Предизборна коалиција СДСМ-БЕСА
СДСМ и БЕСА со заеднички настап на изборите. Со потпишувањето на Декларацијата ја официјализираа соработката.Ветија дека ќе работат на градење доверба за заедничка европска иднина и почитување на правата на сите етнички заедници. Лидерот на СДСМ Зоран Заев е убеден дека ова ќе биде победничка коалиција а на другите партии од албанскиот политички блок им упати порака дека оние кои ќе сакаат да се приклучат кон нив ќе треба да ги прифатат нивните принципи и вредности.
Заев призна дека имале проблеми со ДУИ.
Претседателот на БЕСА Билал Касами смета дека ова е историски ден за државата.Не открива со колку пратенички места ќе бидат застапени на кандидатските листи.
ДУИ се разочарани од ваквата коалиција, која според нив оди на штета на Албанците.
ВМРО ДПМНЕ први го честитаа предизборното коалицирање.
Во текот на наредните денови СДСМ ќе оствари средби и со другите коалициски партнери за утврдување на конечните кандидатски листи за пратеници.
Јулијана Пешевска