Марш на животот во Битола

Неколку илјади  граѓани од Битола, државни делегации и гости од Израел и цела Македонија денеска со Марш  на живите по битолски Широк Сокак, се вклучија во одбележувањето на 75 годишнината од  холокаустот на македонските Евреи. Звукот на сирените на пладне симболично го означи кобниот момент од 11 март 1943 година кога над 3.000 Евреи од Битола од монополот беа однесени до железничката станица и депортирани во логорите на смртта. На Маршот на живите беа испратени пораки за мир и соживот и ова зло никогаш да не се повтрои.

„Приказната за Битола се уште не е доволно раскажана бидеќји не се живи сите оние што можат да ја раскажа. Едно утро беа одведенеи во логорите во  Требликана  и никогаш не се вратија. Тука сме да ја раскажаеме таа приказна“, рече Рабин Елиаху Михаил Бен Дахан,  заменик министерот за одбрана на Израел.

„Целата поддршка поддршка и соработка не охрабрува да речеме дека сме сигурни не само што ќе придонесе во развивање на меѓусебните односи меѓу Македонија и Израел, туку сигурно ќе направи вистинското нешто за да се раскаже повтроно историјата на македонските Евреи“, изјави амбасадорот на Израел во Македонија, Ден Ориан.

Македонскиот парламент  неодамна ја донесе Декларацијата со која им се одава почит на Евреит кои беа депортирани од Македонија и се вреднува придонесот и значењето што го имаат за државата.

„Декларацијата е во контекст на поддршка  и спротиставувањето на таквите настани кои поскауваме и укажуваме дека човештвотот не смее да дозволи такви настани да се случуваат“, рече Талат Џафери, претседател на Собранието на РМ.

Еврејската заедница пак, денеска од Штип најави дека ќе бара измени на кривичниот законик и санкционирање на говорот на омраза кон Евреите.

Комеморативната  програма по повод 75 годишнината од депортацијата на македонските Евреи продолжува и утре во Скопје.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ