
Миалков: БЈБ го водеше случајот „Монструм“, УБК беше вклучена со помагање во информации
Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков тврди управата која тој ја раководел не била вмешана во истрагата за случајот Монструм. Соочен со аудио бомби како докази, Мијалков, на денешното рочиште за петкратното убиство, рече дека на повеќето снимки не се сеќава. Истрагата ја водел обвинител со БЈБ, а УБК била настрана освен кога помагла со анализи и проверки, но само до поднесувањето на кривичните пријави.
Помош во истргата давале и странски тајни служби откри Мијалков, но остана воздржан и кус во одговорите колку тој лично имал сознанија за овој случај, иако му беа пуштени и аудио бомби во судницата во кој тој споделува информации и говори за случјот Монструм. Понатаму, мијалков рече дека: ,,Не се сеќавам дека се работело за исламистичка група вмешана.
Не можам да се сетам дали оперативната обработка за исламистичката група се издефернцирала од овој случај. Не можам и да се сетам дали од странските служби ме информирале дека станува збор за лица од Авганистан и Алкаеда. Сите мотиви ги класифицираше јавниот обвинител за овој случај, рече Мијалков.
Следни во судскиот ходник чекаат да бидат повикани како сведоци Муса Џафери, Блерим Беџети и Синиша Алексовски.
Павле Беловски