
Првата пациентка со корона вирус има 50 години и е од Скопје
Министерот за здравство Венко Филипче го потврди случајот на корона вирус во Македонија.
Потврден прв случај на коронавирус. Во раните утрински часови била хоспитализирана на Инфективна. Во Скопје е првиот случај. Нема простор за паника. Ќе се третира соодветно нејзината состојба. Епидемиолошките анализи укажаа на тоа дека таа веќе еден месец била во Италија на прошетка и посета на роднини. Две недели била болна и се третирала во здравствена установа таму. Не била третирана како болна од коронавирусот. Таа во моментот додека се транспортирала не можела да ја пренесе болеста. Се прави проверка на сите патници што биле со нејзе на летот. Истите ќе бидат соодветно истестирани и ставени во четиринаесетдневна изолација. Сите патници коишто доаѓаат од Италија да се придржуваат до мерките што ќе им бидат дадени на граничните премини, да се јавуваат на дежурните телефоните во Центрите за јавно здравје. Во сите компании и институции каде што има патници кои патувале во Италија да не ги примаат работниците на работа туку да седат 14 дена дома. Маска треба да носи само заболено лице, рече Филипче на вонредната прес конференција во владата на РСМ.
https://youtu.be/gwDJ9CeHVpo
Пациентката е од Скопје, а нејзините најблиски се под опсервација на тим на Институтот за јавно здравје.
Стручна екипа од ИЈЗ пред два часа во полна заштитна опрема отиде да направи епидемиолошка анализа на лицето заразено. Станува збор за пациентка родена во 1970-та година, која живее на територија на градот Скопје. Нема простор за паника, а се преземаат сите мерки, рече др. Жарко Караџовски, епидемиолог во ИЈЗ.
https://youtu.be/swFY5NB8Xnw
Пациентката е во оддел за интензивна нега, но тоа значи дека е во изолација односно изолирана од другите пациенти. Таа е свесна, ориентирана и дише самостојно. Единствено што знам е дека допатувала и влегла во Табановце до каде со нејзината група се дојдени со едно возило, а оттаму целата група е преземена со друго возило, вели Караџовски.
Комбето е пристигнато рано утрово, а сите патници според Филипче ќе бидат побарани и изолирани исто како и лицата кои биле во контакт со нив.
Веднаш по доаѓањето, пациентката сама дошла во инфективната клиника во Скопје.