Мицкоски: Заев е виновен, бараме итна ревизија на одлуките на врховните судии

Транспарент со една порака (Заев е виновен), опозицискиот лидер ја носеше и предводеше протестната поворка и веднаш од бина ја објасни.

-Зоран Заев е виновен затоа што тој во исто време е премиер, обвинител и судија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Со црвени картони, демонстрантите од опозицијата се собраа пред државното обвинителство покрај Вардар. Оттаму почна маршот наречен против неправдата, кон комплексот судови каде се наоѓа Врховниот суд. Двете институции избрани по аудио-бомбите промовирани од пратеникот Антонио Милошоски. Опозицијата тврди дека со репликите на Заев е очигледно дека тој договарал одлуки на Врховниот суд со Јово Вангеловски за да се спречат предметите на СЈО за што знаела и Катица Јанева. Но освен имињата на обвинители, најспомнувана беше Рускоска, Мицкоски денеска од својот список на говорот не прочита ниту еден конкретен судија. Вели 48 часа нема истрага.

Аудио бомбите на Милошоски и неговиот глас се слушнаа од звучниците, иако го немаше во првите пратенички редови на протестите, каде стоеја и коалициски партнери и поранешни амбасадори. Но барањето на протестот беше токму за таа објава.

Третото барање на ВМРО-ДПМНЕ е итна итна реформа на Советот за реформи во правосудството со времено суспендирање на неговите активности и меѓународна експертска помош за тие реформи. Мицкоски повтори дека е за апсолутна правда за сите без разлика на припадност, а не како спротивно како што шират според него медиумските слуги на власта. Судовите и обвинителството ги обезбедуваше полиција, а во судот свете и повеќе прозорци што покажуваше дека има некој внатре.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ