
Милошоски ја достави втората „бомба“ за Заев кај Рускоска
Антионио Милошоски денеска во Обвинителството за гонење на организиран криминал ја предаде аудио снимката од разговор на екс премиерот Зоран Заев, која викендов ја објави на прес конференција во седиштето на неговата партија ВМРО – ДПМНЕ. Mилошоски изјави дека укажувачот кој му ја доставил снимката и транскриптот тврди дека на средбата во премиерскиот кабинет било лице опфатено со случајот „Рекет“, додека Заев кажа дека се сомнева во некои пратеници кои ги снимале на средба. Токму затоа, според Милошоски, Заев треба да биде повикан во обвинителството да даде изјава.
Милошоски тврди дека не темпира со објавувањето на овие снимки токму пред изборите туку дека ги објавил рзо откако ги добил и додаде дека не располага со други материјали.
Првиот човек на советот на обвинители е дециден дека Обвинителството за гонење на организиран кримикнал ќе ги превземе сите чекори и процедури по доставувањето на двете снимки.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев потврди дека гласот на снимките е негов, но негираше дека договарал таква разврска и тврди дека само ги коментирал одлуките на Врховниот суд.
Огнен Чанчаревиќ