Државата достави докази на стотици страници дека успешно се борела против загадувањето

Државата добро се подготвила и со стотици страни докази ќе се брани од тужбата на младите правници дека не преземала доволно мерки за да го спречи загадувањето на воздухот. Забрани, мерки на краток рок, и инвестиции во иновации се сма одел од докуметните кои државниот правобранител ги достави до судот и тужителите, од друга страна судот ги има доказите на тужителите кои со 20 сведоци и пресудот од еворпскииот суд за човекови рпава и домашни извештаи ќе докаже дека сите граѓани биле изложени на загаден воздух изминатите 11 години.

Претходно, владата, градот Скопје и министерството за животна средина поднесоа претставка дека граѓанскиот суд не е надлежен за работтаа на државните органи и дека  оваа постапка треба да се води во управниот суд. Судот се уште нема одлучено, но тужбата на адвокатите е дека државата со непреземањето соодветни мерки сторила повреда на правото на здрава животна средина и правото на здравје. Ако ја добијат државата на суд тогаш власта ќе мора да ги следи иснтирукциите од судот, смета Дранговски.

Здружението побара да се утврди и дека од 2013 до 2018 не се преземени неопходни мерки за да не се надминат гранични вредности на PM 2.5 честичките. Со тужбата исто така, бараат усогласување на националната легислатива со директивата на ЕУ, а аргументите ќе ги спротистават на 15 ти април.

 

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ