
Утре почнува увидот од избирачкиот список
1.817.028 граѓани се запишани во Избирачкиот список. Своите податоци може да ги проверат електронски преку веб страницата на ДИК.Јавниот увид ќе трае до 11 март на полноќ. Во овој период гласачите ќе може да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење податоци во списокот. Претседателот на ДИК Оливер Деркоски вели дека на списокот ќе се најдат сите лица кои на денот на изборите наполниле 18 години.
Утре почнува и собирањето на 1000 потписи за кандидати за пратеници. Новина е тоа што покрај во подрачните одделенија на ДИК, потписи може да се собираат и пред надлежен нотар .
Кандидатските листи за пратеници треба да се достават до ДИК најдоцна до 12 март на полноќ.
Јулијана Пешевска