Здравствените власти во Македонија го подигаат степенот на превенција од коронавирусот

Здравствените власти го уклучија алармот откако корона вирусот зеде 4 човечки жртви во Северна Италија , а над 160 се заразени .Се ослободуваат капацитети од болниците низ земјава. Дел од одделенијата на Инфективна клинка, болниците во Гостивар, Велес и Штип се подготвуваат за карантин во случај на појава на зараза од корона вирусот.

Надлежните апелираат граѓаните да не патуваат во странство доколку немаат итна потреба, неизвесно е и дали средношколците ќе отпатуваат на веќе закажаните ексурзии низ Европа. Сите патници кои ќе влезат во земјава ќе бидат прегледани. На аеродромите на термо камери ќе бидат скенирани сите кои ќе слетаат, безразлика од која дестинација доаѓаат.

Инаку во критичните региони во Северна Италија живеат 23.000 македонски државјани.  Според последните информаци од Конзулат во Венеција до овој момент нема заболени. Министерството за здравство најави состанок со Центарот за управување со кризи попладнево , по кој треба ќе се знаат дополнителните препораки и мерки и за останатите институции во Македонија.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ