Исчезна девојче од домот „11 Октомври“

Седумнаесетгодишно девојче исчезнало од домот за деца без родители и родителска грижа „11 октомври“ во Скопје. Случајот во полиција е пријавен вчера по 21  часот, од страна на вработен во Центарот за социјална работа од Скопје, кој бил нејзин старател по службена должност.

Како што информира денеска МВР, било пријавено дека девојчето не се појавило во домот 11-ти октомври“ од 21 декември минатата година. Старателот посочил дека девојчето почесто самостојно ја напуштала установата.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на девојчето. После случајот со 13 годишното девојче кое абортираше, а предходно било подведувано на проституција, Министерството за труд поднесе десетина кривични и прекршочни пријави против вработени во домот „25 мај“ и против вработени во центрите за социјални грижи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ