Двете жени се уште во критична состојба, со изгореници на 80% од телото

Двете жени кои се хоспитализирани на Ургентен се многу критични, со изгореници на повеќе од 80% од телото и неизвесна е нивната состојба дали ќе успеат да им се стабилизира, соопшти директорот на ТОАРИЛУЦ, д-р Хасани. Жените се на возраст од 35 и 50-тина години. Во критична состојба е и 65-годишниот маж.

  • Сите тројца се на интензивна нега и на апарати за дишење, изјави утринава директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар – ТОАРИЛУЦ  д-р Илир Хасани.

Во старата Градска болница е 28-годишната пациентка, која е во седмиот месец од бременоста, има изгореници на 25% од телото и спред докторите „неблагодарно е да се прогнозира како ќе се одвива состојбата“. На апарати се приклучени и другите двајца хоспитализирани тука, 10-годишното дете кое е со 70% изгореници од телото. Најкритична е 31-годишната жена со 80% изгореници и повреди на дишните патишта, велат докторите.

На Клиниката за неврохирургија во Скопје синоќа почина 58-годишен пациент, кој беше во критична состојба откако настрада во експлозија на плинска боца во кумановско Романовце.  Во експлозијата од двете плински боци загинаа три деца на возраст од осум, девет и 11 години. Уште седум лица беа повредени и се здобија со висок степен на изгореници.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ