Откриени 12 килограми хероин во автомобил со македонски регистарски таблички во Црна Гора

Во заедничка акција на црногорската и македонската полиција откриени се 12 килограми хероин. Според соопштението од црногорската полицијата двајцата успсени се од Скопје, едното е момче на возраст од 28 години, а другото лице е 23-годишна девојка.

Автомобилот со македонски регистрации во кој бил пронајден хероинот бил претресено на граничниот премин Кула, на границата меѓу Косово и Црна Гора.

„По деталниот преглед на возилото, во добро скриен и специјално изработен бункер, кој се наоѓал во задниот дел на автомобилот, се пронајдени 24 пакувања со вкупно количество од околу 12 килограми хероин“, се вели во сопштението на црногорската полиција.

Со полициската акција, наведуваат црногорските власти, е пресечен шверцерски канал, преку кој од правец на Северна Македонија, хероин од Косово, преку територијата на Црна Гора, се пренесувал кон земјите од Западна Европа. Се претпоставува дека во конкретниот случај дрогата била наменета за Италија.

Во соопштението пишува и дека согласно координираните активности, во Северна Македонија во тек се претреси на повеќе локации за кои постои сомнеж дека се вмешани во ораганизирано криумчарење хероин преку оваа рута.

Пред неколку дена, македонската полиција беше дел од меѓународна акција за откривање на шверц со кокаин од Колумбија.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ