Наместо со осмомартовско оро во рестораните- акција за  бесплатно снимање на мамограф 

Организацијата на жени од Битола, годинава на поинаков начин ќе го одбележи Осми март. Во соработка со Одделението за радиологија во битолската Болница ќе се спроведе акција во која на новиот дигитален мамограф  бесплатно  ќе бидат снимени 60 жени.  По десет  се од  општините Новаци и Могила, а останатите од Битола. Поголемиот број од нив никогаш не направиле ваков преглед.

-Осми март не е само ора по кафеани, туку да направиме и нешто што е општесвено одговрно. Цел март од првиот до  последниот ден, по две жени на ден ќе одат во Клиничката болница во Битола на снимање,  вели Светлана Петковска, претседател на Организација на жени Битола.

Целта на акцијата „Март месец на мамографија“ е да се подгне свеста за женското здравје. Иако овие прегледи жените ретко ги прават, на повикот на Органзација на жени имаше огромен број заинтерсирани за мамографските прегледи.

-Жените од нашата држава и од нашиот град тоа ретко го прават, дали од страв или недостиг на здравтвена култура, или пак едноставно потребно е некој да ги поведе, вели Петковска.

Од Клиничката болница велат дека со ова ја продлжуваат кампањата за бесплатни мамографски прегледи што ги започнаа лани во приватни компании и јавни претпријатија во Битола за да се подигне свеста кај жените за редовни прегледи.

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ