
Затворот во Битола со месеци е празен
Хорор меѓу четри ѕида. Тесни и пренатрупани ќелии со отворени тоалети. Крајно нехумани и деградирачки услови. Вака изгледаше битолскиот затвор до лани. Овде илјадници осудени лица ја издржуваа казната, а влагата го јадеше нивното здравје. Сега затворот е празен, а наместо затвореници има работници кои ја изведуваат реконструкцијата финансирана со 1 милион евра, пари од ЕУ. Зградата е во близина на реката Драгор во Битола, па токму влагата беше најголемиот проблем при изведба на градежните работи. Тоа ја забави обновата, но од затворот велат дека сега е во завршна фаза.
-Сега можам да кажам дека тие поплаки за ширење на болест кои ги причинуваше влагата, ќе исчезнат, вели Драган Крајовски, директор на КПУ Затвор Битола
Во простор каде досега биле сместувани 40, сега место ќе има за само 24 притвореници. Казна затвор ќе издржуваат 70 осудени лица, наместо над 140 во прентрупаните ќелии.
-Капацитетот ќе биде намален, можам да речам преполовен, но со запазување на сите одредби и од македонското и европското законодавтсво за исполнувањен затворксите стандарди, вели Крајовски
Од затворот велат дека безбедноста ќе биде на највисоко ниво, со комплетно автоматизиран систем, поради што е набавен и сопствен агрегат.
-Целото раководење со отворање, затворање и видео надзор ќе биде дигитализрано, односно со автоматски врати. Катанците и клучевите заминуваат во историја и ќе се управува на копче, објаснува диркеторот на Затворот во Битола.
Со темелната реконструкција затворската зграда добива енергетска ефикасност, централно греење и ладење. Се обновува админситартивната зграда, заедничките простории, се градат нови шеталиштата за притворениците и затворениците. Затворот ќе има и сопствена пречистителна станица. Иако не се знае кога точно ќе заврши реконструкцијата, од затворската управа велат дека затворениците и притвореницте кои сега се во охридскиот и прилепскиот затвор, за многу скоро ќе бидат вратени во Битола.
Емилија Мисриевска