
Дел од пратката кокаин од Италија требало да заврши и во Босна, не само во Македонија
Се заплеткува приказната за патот на кокаинот од Италија кон Македонија. Сега и босанските власти се пофалија дека голем дел од пратката од 1,2 тони кокаин требало да заврши во Босна и Херцеговина. На сајтот на државната агенција за истраги на Босна е објавено соопштение дека во соработка со полициите на Италија, македонија и Црна Гора учествувале во оперативна акција за да се пресече ланец на меѓународна трговија со дрога.
Државна агенција за истраги и заштита – СИПА:
При реализацијата на оперативните активности, откриени се и привремено одземени поголеми количини опојна дрога кокаин. Полициските службеници на СИПА лишија од слобода две лица, сослушаа повеќе сведоци, претресоа повеќе лица и подвижни предмети, и одземаа се што може да биде доказ во понатамошна кривична постапка. СИПА продолжува да работи на овој предмет со цел да се документира кривичното дело.
Телма се обиде да контактира со босанската полиција но никој не одговара денеска на телефонските повици. Тамошните медиуми пак пишуваат дека дрогата спакувана во неколку контејнери била запленета на пристаниште во Италија. Независне новине италијанската полиција од контејнерите извадила 970 пакети кокаин кои заедно тежеле 1 128 килограми. Италијаните ја заплениле дрогата и испратиле лажна пратка во која оставиле само околу еден килограм дрога запакувана со систем за следење.
Пратката понатаму продолжила по планираната рута, стигнала во Бар, Црна Гора, каде за да ги подигнат пакетите пристигнале вкупно шест камиони, четири од Северна Македонија, два од БиХ. Камионите ги земале контејнерите и тргнале назад не знаејќи дека всушност превезуваат само еден килограм кокаин кој го следат. Ако се погледнат италијанските медиуми пак за заплена на 1,2 тони кокаин пишувале уште на 14 ти ноември лани. Освен што се совпаѓа количината идентично е и тоа што доаѓа од Јужна Америка, спакувана во пакети со банани, но објавуваат дека крајната дестинација била Германија.
Колку од кокаинот сега е запленет во Босна информации нема, додека во земјава беше пронајден само еден килограм и тоа во селото Крушопек, исто така во кутија со банани. И додека приказната за кокаинот се заплеткува, се заплеткуваат и политичките надмудрувања околу неа.
При вчерашното гостување на замени техничката министерка во МВР предложена од СДСМ, Славјанка Петровска во емисијата 360 степени а Апсат рече дека министерот Наќе Чулев пред време открил информации и за тоа бил опоменат од ителијанските власти. Денеска Чулев не одговара додека претседателот на ВМРО ДПМНЕ која го предложи и одговори на Петровска дека се што знаат ќе откријат по избори.
Во земјава се води истрага за две двајца и тоа сопственикот на фирмата увозник на овојето и за возачот.
Билјана Николовска