Наместо булевар- див паркинг во центарот на Тетово

Наместо булевар со кој значително ќе се растерети сообраќајниот хаос во Тетово, граѓаните  повеќе од една деценија имаат див паркинг, на местото каде треба да се пробие коловозот Благоја Тоска. Градските власти со години ветуваат дека ќе се реализира овој проект, но состојбата на терен е иста.

Како и многу пати досега така и овој пат, општинските власти се правдаат дека булеварот ќе се пробие, откако ќе се изврши експропријација на имотите на граѓаните, каде треба да помине коловозот. По завршувањето на оваа постапка, веднаш ќе се започне со градежни активности, затоа што за овој проект обезбедени се средства.

По неколку децении конечно започна пробивањето на булеварот Индустриска. Одобрението за градење е издадено уште во 2016 година, но градежните активности доцнеле затоа што процедурите за добивање пари за реализација на проектот од светска банка биле сложени, вели градоначалничката на Теута Арифи.

И додека со децении се чекаат пробивање на булеварите во градот, општинските власти најавуваат изградба на обиколница за Тетово, со цел растеретување на сообраќајот.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ