Сезонскиот грип неделава донесе рекорден број заразени, но распуст нема

Епидемиолозите сметаат дека нема потреба од драстични мерки, како што е прекинување на наставата и воведување вонреден распуст за учениците.

Сезонскиот грип неделава донесе рекорден број заразени, а болеста ќе го достигне пикот во следните две недели.

Властите немаат донесено одлука да прогласат епидемија, што е услов за воведување драстични мерки.

Во неделниот извештај за грип на Институтот за јавно здравје се регистрирани пет илјади и 600 новозаболени.

Од болеста починаа тројца на различна возраст, но сите со некакви други хронични болести што дополнително придонело за тешката клиничка слика кај нив.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ