Змиско око: четири ослободителни и 42 условни казни

Четири ослободителни, и 42 условни казни пресуди кривичниот суд на обвинетите во Змиско око.

Од кривичен велат дека се следеле напатствијата на апелација, која два пати ја укинува пресудата, и ја враќа на повоторно судење.

При анализа на доказите, и при одлучувањето, судот се раководоше исклучиво од материјалните докази кои укажуваа на кои наплатни станици е констатирана некаква штета, а на која наплатна станица нема никаква штета при работењето на инкасантите, пишува во соопштението на судот, од каде информираат и дека при објавата на пресудата, еден од обвинетите упатил навреди и пцовки кон судечкиот совет, за што судот ќе изготви службена белешка и ќе покрене соодветна постапка.

И по третата пресуда обвинетите, кои 13 години се по судови, се незадоволни. Велат се уште нема правда. Имаат забелешки за вештачењето и дека вештакот не бил лиценциран.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ