Фер и демократски избори тест за одлука за почеток на преговори со ЕУ                    

Одлуката за почеток на преговори со ЕУ ќе зависи од политичарите.

Вратите  на европското семејство ќе се отворат само доколку во наредните месеци се води фер, демократска и транспарентна изборна кампања, порача европратеникот од парламнетарната група ,,Обнова на Европа”, Дачиан Чолош. Преку позитивна а не валкана камpања ќе се покаже дека Македонија е подготвена за ЕУ .

Ако реториката  отиде во погрешна насока , штетата ќе ја трпат граѓаните.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски уверува дека институциите ќе сторат се да се организираат фер и демократски избори, но предупредува дека кампањата ќе биде најцрната во историјата на земјата досега.

Но изборите не се единствениот предуслов за почеток на преговори.неопходно е да се воспостави и систем на владеење на правото, независно судство, економски и инфраструктурен развој како и реформи во образованието.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ