
Универзитетските професори ќе добијат зголемени плати за 10%
Министерството за образование преку правна рамка пронајде начин како да им ги зголемат платите на универзитетските професори за 10%,откако пропадна обидот и не се донесе во Собранието законот за исплата на плати. Средствата ќе се обезбедат од Буџетот за 2020 година.
Одлуката е донесена по притисокот кој го изврши Независниот академски синдикат кој упати и отворено писмо до техничкиот премиер Оивер Спасовски, предупредувајќи го дека трпението на професорите е исцрпено и постои можност незадоволството да се изрази во форма на протести и поединечни тужби за неисплатен минат труд. Бараат итна реакција на министерството уште во февруарската плата.
Синдикатот апелира да се престане со долгогодишното системско уништување на високото образование и негово ставање на маргините на општеството.
Јулијана Пешевска