Новиот клинички центар ќе се гради во Бардовци

Вкупната површина на клиничкиот центар кој ќе се гради во населбата Бaрдовци е 84 хектари односно неколку пати е поголема од постоечката локација која има 20 хектари. Изградбата треба да почне за една до две години, а очекувањата се дека градбата ќе трае околу 5 години.

Првичните проценки се дека целата инвестиција би чинела околу 420 милиони евра. Министерот Филипче најави дека Владата ќе преговара за да не плати пенали од 5,5 милиони евра бидејќи претходната власт веќе потпиша договор за изградба на Клинички центар на постојната локација.

Сепак, Филипче вели и да се платат пенали, тоа на долг рок ќе биде најисплатлива инвестиција. Опцијата Клинички да остане на старата локација според министерот би била  неоснована поради неколку причини. Тоа место е загушено и со новиот паркинг проект ќе остане тесно грло. Ако се гради според проектот на постојната локација  кога ќе се завршат двете предвидени нози згради ќе треба брзо да се реновираат барем седум од старите кои се во катастрофална состојба. Во Бардовци ќе има можност за модереден медицински град.

Додека конечно се изгради новиот Клинички во Бардовци, се подготвува сообраќајно решение за растеретување на метежот до постојниот медицински центар.

Како ќе се финасира проектот, дали и колку од кредити, а колкаво учество ќе има државата се уште не е прецизирано. Не се исклучува можноста во игра да остане банката на Советот на Европа од која минатата Влада го зема кредитот. Ќе се преговара со фирмите со кои веќе е потпишан договор за градба на старата локација бидејќи и тие ќе можат да учествуваат на новите тендери.

Сања Јовановиќ Дамјановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ