Ѓонул Бајрактар ќе ја замени Мизрахи

Одлуките во Mинистерството за труд и социјална политика ќе ги носи заменик-министер Ѓонул Бајрактар кој оваа функција ја извршуваше до формирањето на техничката влада, одлучи на денешната редовна седница владата.

Во заклучкот се наведува дека според Законот за организација и работа на органите на државната управа заменикот на министерот ги презема овластувањата и одговорностите во ракводењето на министерството.

Одлуката доаѓа откако Собранието го изгласа предлогот за разрешувањето на техничката министерка Рашела Мизрахи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, со образложување дека јавно се обраќала на пано на кое стои старото име на државата. Техничкиот премиер посочи дека со ова однесување таа го крши Уставот додека Мизрахи врати дека е подготвена да плати казна, бидејќи друго пано со новото име нема во министерството, тврдеше Мизрахи.

Обврската на техничките министри и замениците произлегува од пржинскиот одговор за организирање на предвремените парламентарни избори.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ