
ТНТ: Oдбраната бара бомбите да се тргнат од доказите до 30-ти јуни, кога стапува на сила Законот за јавно обвинителство
Во новодонесениот закон за јавно обвинителство, обраната во ТНТ, најде повод за да бара, бомбите, барем за сега, да се тргнат од доказите. 26 аудио снимки и цедето со пораки, во овој перод нема законски основ да бидат изведувани како докази, смета Миле Јанакиевски и неговите адвокати. Одбраната законот за СЈО кој се уште е во сила но таму дозволува употреба на бомби но таму нема обвинители а редовното обвинителство пак нема зкаонски основ, бидејки законот што собранието го донесе во неделата почнува да се применува по 30 јуни 2020.
Со законот во иднина можеби ќе се користат ваквите докази но сега не е применливо и во овој момент овие докази треба да бидат издвоени поради не постоење на законска можност. Доколку по 30ти јуни овие законски одредби опстојат и пред Уставниот суд и пред другите институции ќе нема законска пречка обвинителот да ги предложи, рече Еленко Миланов, адвокат на Миле Јанакиевски.
Со оглед на тоа дека денеска не беа на ред бомбите туку дуги материјални докази, судијата Огнен Ставрев рече дека за ова ќе одчучува кога ќе дојдат на ред, тогаш својот став во судница ќе го каже и обивнителот Бурим Рустеми. Овој беше последен во низата предлози кои адвокатите на стартот на рочиштето ги ставија пред судечкиот совет за одлучување што го налути судијата Огнен Ставрев.
Мене ми е преку глава веќе од одолговлекување. Прво едно, па друго, па трето. Ајде веќе да почнеме со работа. Ако ме прашувате лично мене јас имам одлука од Апелација дека тие докази се валидни, рече судијата Огнен Ставрев.
Законот за јавно обвинителство бомбите ги регулира како докази за обвиненијата донесени до 30 јуни 2017 и индиции потоа. Нејасно е што со предметите Талир еден и два кои се однесуваат на вмро дпмне и за кои има обвинение по рокот. За ова не сакаше да коментира ниту обвинителот јавески минатата недела бидејки се уште не беше донесен законот з јавно обивнителство.
А токму Талир 1 за финансирањето на ВМРО ДПМНЕ, станува 100 процентен рекордер во одолголвекување. Коалицијата за правично судење која ги мониторира судењата потсети дека денеска минува точно една година од првото закажано рочиште. Вкупно биле насрочени 16 рочишта по овој предмет од кои ниту едно не е одржано.
Елена Ивановска Мукоска