
НАТО го поздрави носењето на Законот за одбрана
НАТО го поздрави донесувањето на Законот за одбрана со кој Македонија го вметна во своето законодавство Членот 5 од Вашингтонскиот договор т.е. обврската за колективна одбрана на НАТО. Портпаролката на Алијансата, Оана Лунгеску, на својот твитер профил напиша дека носењето на законот е важна област од реформите во државата.
„Го поздравуваме донесувањето на Законот за Одбрана во Собранието на Република Северна Македонија. Ова е важна област од реформите за државата која се подготвува да се приклучи на НАТО како полноправна членка“, напиша Лунгеску на Твитер.