
Извештајот за напредокот на Македонија, ЕК ќе го објави на 2-ри март
- Извештајот за напредокот на Македонија и Албанија, кон пристапни преговори со ЕУ е технички поместен за 2-ри март, наместо кон крајот на февруари. Причината според извори од ЕК, е што Данска и Холандија имаат дополнителни свои експерти за оценувањето на напредокот на Македонија и Албанија и се очекува и нивниот извештај. На средбата со претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лаен, премиерот Оливер Спасовски и вицепремиерот Бујар Османи добиле честитки за донесувањето на Законот за Јо, како и другите реформски закони. Се надевам на позитивни вести од Брисел, со овие зборови го заврши својот говор премиерот Спасовски на Донаторската конференција за Албанија.
Запрашан дали одложувањето на Извештајот ќе има последици и за Македонија, вицепремиерот Бујар Османи, изјави дека тоа е само техничко прашање.
- Извештајот е одложен за неколку дена, што значи дека е техничко одложување. Повеќе важно е дека ќе биде пред мартовскиот самит, а уште поважно е дека ставот на комесарот во Скопје беше дека нема да објави извештај доколку не биде сигурен дека ќе има позитивен извештај. Важно е дека сега очекуваме извештајот да биде многу позитивен особено после тоа што се случи во Собранието вчера и усвојувањето на Законите, така да од наша страна ние направивме се што беше побарано од нас. Сега Одлуката е во рацете на ЕУ, рече вицепрмеирот Османи.
Македонија и додели на Албанија 100.000 евра како помош за обнова по земјотресот. 200.000 евра од соседите донираше Црна Гора, а два милиони Србија.
Од Брисел за Телма, Снежана Лупевска Созен