Распишани изборите од Талат Џафери

Претседателот на Собранието Талат Џафери доцна вечерва ги распиша изборите поради временските рокови за да може предвремените парламентарни избори да се одржат на договорениот термин на 12-ти април.

Џафери првично најави дека изборите ќе ги распише утре претпладне, но по проверките е утврдено дека мора да се распишат уште вечерва што е сторено од собранискиот спикер.

Веднаш потоа е закажана седница на Државната изборна комисија.

Претходно со 108 гласа „за“ беше распуштено Собранието и завршо мандатот на 9-тиот парламентарен состав од независноста на Македонија.

Денот во Парламентот го одбележаа тензии, поништено гласање за законот за јавно обвинителство поради задоцнети процедурални говори, напуштање на ВМРО-ДПМНЕ за дел од точките на дневниот ред, караница и навреди меѓу две пратенички, Исмајловска од независните и Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ