Македонецот кој се лечи од корона вирус во болница во Јапонија е со лесна клиничка слика

Македонецот кој се лечи од корона вирус во болница во Јапонија, е со лесна клиничка слика и во добра здравствена состојба, изјави министерот за здравство, Филипче. Според него во слична состојба, со лесна клиничка слика е и Македонецот кој се наоѓа во Франција, дополни министерот за здравство. А во текот на вчерашниот ден Филпче, имал средба со шефицата на канцеларијата на СЗО во Скопје Џихан Тавила. Во врска со корона посочи дека целиот систем е подигнат на високо ниво на будност и дека се следи секоја информација којашто доаѓа, како од релевантните странски институции, така и од соседните земји.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ