
Одбележан Светскиот ден на борба против ракот кај децата
Светскиот ден за борба со канцерот кај децата беше одбележан денеска со музичка програма и трка на средношколци во Градскиот парк. 20 деца во моментов се наоѓаат на Детската клиника и се борат со оваа болест. Покрај терапијата, при лечењето е важна и психолошката подршка и на децата и на нивните родители, рече Теодора Трајковска од невладината САНО, која сега работи како волонтер, а пред 11 години била излечена од леукемија.