Мизрахи разрешена, кавгата за неа продолжи и денеска

Рашела Мизрахи е разрешена по дикатат на Заев, обвинува ВМРО ДПМНЕ. Жртва била на тоталитарниот режим на Заев, а стравот од неа бил голем, и поради тоа требало да ја напушти функцијата министер за труд, а најмалку непочитување на уставот.

Речиси шест часа сопартијците на Мизрахи се обидуваа да ја спасат од предлогот на премиерот Спасовски да се разреши од функцијата и дури во 4 часот изутринава со 62 гласа ЗА, 26 против и без воздржани, Мизрахи беше разрешена поради непочитување на уставот. Спасовски ова го објасни уште на почетокот на седницата истакнувајќи дека е несериозно да се играат играчки со Уставот. На обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ дека всушност власта се исплашила од Мизрахи, поради тоа што открила криминално работење кај нејзината претходничка Царовска, премиерот со демант.

Но, Мизрахи, во говорот пред пратеницте го истакнуваше своето еврејско потекло, кое според неа уште од првиот ден на министерувањето им пречело на колегите. Рече дека била етикетирана како еврејка со жолта ѕвезда.

Рашела Мизрахи стана прва вест во медиумите откако грчката дипломатија упати протестна нота за игнорирањето на употребата на новото уставно име во нејзините обраќања, а  МНР преку Никола Димитров го побара разрешувањето за неа. Мизрахи, одбиваше да се појави јавно пред паното со новото уставно име на државата, користејќи ја старата табла во позадина. Изговорите на Мизрахи дека министерството не поседува банер со новото име и ги демантираше нејзината заменичка со видео и фотографии во кои прессконференциите се пред банер во бела боја со името Република Северна Македонија.

 

Алиса Шутиноска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ