Изгласани и измените на Изборниот законик

Пратениците утринава со 75 гласа „за“ го изгласаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик и Предлог законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.

Претходно по  речиси шест часа расправа пратениците ја разрешија Рашела Мизрахи од функцијата министер за труд и социјална политика.

За недела на пладне е најавена седница за распуштање на Собранието, а претходно се очекува да бидат изгласани Предлог-законот за ЈО и за Советот на јавните обвинители.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ