
Исцрпена дискусијата за новиот закон за јавно обвинителство, собранието на пауза
Дискусијата за новиот закон за јавно обвинителство е исцрпена. Седницата заврши без гласање, а спикерот Талат Џафери даде еден час пауза. Гласањето најверојатно ќе се одржи в недела пред седницата за разпуштање на парламентот.
Парламентарците треба да продолжат со работа на нова седница на чиј дневен ред е барањето на владата за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, измените на изборниот законик по скратена постапка, како и предлог на закон за неевидентирани лица во матична книга на родени.
Премиерот на РСМ во техничката Влада Оливер Спасовски, до Собранието достави предлог за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.
„Премиерот и Владата имаат обврска да обезбедат заштита на Уставот на Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши Уставот и со тоа ја загрозува евроатланската иднина на земјата, премиерот до Собранието достави предлог за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Мизрахи“, велат од Владата.