
Груби: ДУИ ги подржува сите договорени закони
ДУИ дава недвосмислена подршка за сите договорени закони, истакна пратеникот Артан Груби додавајќи дека партијата очекува законите да се усвојат и Собранието да се распушти најдоцна до недела.
Нема никаков проблем со СДСМ, порача Груби.
Ние бевме клучниот партнер на оваа влада и најважните одлуки за државата ги подржавме, така и ќе остане. Настапот вчера беше таков, поради некоридинираност, рече Груби.