
Со марш одбележана годишнината од несреќата кај Ласкарци
Пред почетокот на педесет колометарскиот марш на местото на насреќата кај Ласкарци беше положено букет цвеќе, но и книжни балонии со свеќи, во чест на загинатите во автобуската несреќа.
На маршот учествуваа група планинари, рекреативци, семејства на настраданите, како и лица кои патувале во автобусот кој излета од автопатот.
Маршираа по стариот пат долж Автопатот Тетово – Скопје. За пет ипол часа и поминати триесетина километри, пристигнаа на првата патарина од автопатот Тетово – Гостивар, каде направија пауза.
Иницијативата за граѓанскиот марш поддржана од Општина Гостивар, ја покренаа група граѓани.
Во првите километри на маршот свое учество имаше градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.
По половина час пауза, маршот продолжи кон Гостивар.Целта е тој да прерасне во традиционален, а воедно е да се упатат пораки за поголема безбедност во сообраќајот.
Градоначалникот Таравари, изрази жалење што и по една година случајот Ласкарци не е расветлен.
Несреќа на патот Тетово-Скопје, кај селото Ласкарци однесе 16 човечки животи, а 35 лица се здобија со повреди
Зоран Димовски