
Интервју на Шекеринска за Телма: Законот за одбрана има двотретинско мнозинство во парлaментот
Јас сметам дека Законот за одбрана има двотретинско мнозинство во парлементот, вели во интервју на Телма министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
„Треба да дојдеме во ситуација да се гласа и да видиме кои се тие кои што се противат Северна Македонија да го вгради системот на колективна самоодбрана и во своите закони. Мислам дека ќе биде многу тешко на 114 пратеници, кои гласаа за ратификација на нашето членство во НАТО, сега да наоѓаат оправдување и да гласаат против де факто инструментот за наше НАТО членство“, истакна министерката за одбрана, која во Брисел учествуваше на состанокот со колегите од земјите- членки на НАТО.
За ова и за другите прашања со Шеќеринска разговараше Тамара Грнчароска.