
Немање на лични документи како план за одложување на избори- тврди Чулев
Недостаток на обрасци за лични документи, техничкиот министер Чулев го смести во предизборна хроника. Тврди дека поради намерни пропусти, претходниот министер предизвикал хаос за да се влијае врз граѓаните и да се осложат изборите.
Спасовски, актуелниот технички премиер не се изјасни по обвинувањата на сопствениот наследник во МВР, а вчера истакна дека во негово време немало никакви проблеми и дека Чулев треба да го реши проблемот. Според Чулев со личните карти и возачките дозволи проблемот е надминат. Но со пасошите претстои криза. Во моменто има активни 14 900 поднесени барања за нови пасоши, а има 4.900 обрасци, што значи во моментот 10 илјади граѓани не може да дојдат до пасош иако уредно се пријавиле. Нови пасоши треба да стигнат на 24-ти март, но се прават напори за решение рече Чулев кој продолжи со обвгинувањата кон Спасовски со уште едно дека го пробил рокот за нарачка.
Од 2017-та кога истече првичниот децениски договор за пасошите се прават анекси за набавка на нови документи, а Чулев тврди дека зад тоа се крие криминал и дека треба да се распише нов меѓународен тендер. Спасовски пак му одговори дека надлежните треба да ги проверат неговите сомнежи иако смета дека сите постапки се законски чисти и во интерес на граѓаните.
Миомир Серафиновиќ