Македонски државјанин заразен од смртоносниот коронавирус

Еден македонски државјанин е заразен од смртоносниот коронавирус, кој беше дел од екипажот на крузерот Дајмонд Принцес, а сега е сместен во болница во Јокохама. Има блага форма на заболување, велат македонските здравствени власти уверуваат.

Од македонското МНР уверуваат дека се во секојдневен контакт со другите двајца македонски државјани. Тие се во добра здравствена состојба и остануваат на бродот, којшто во целосна изолација, стои закотвен на брегот на Јокохама. Страв, тежина и незивесност владее на Дајмонд Принцес. Чесовите минуваат со секојдневни непријатности – редовна медицинска контрола, мали соби, валкани чаршафи, еднолична храна – и тешка работа на стотиците членови на екипажот. Шерил и Пол Монески понекогаш излегуваат на една од 17-те палиби на бродот и се поздравуваат со малите бродови кои поминуваат, тоа се единствените среќните моменти, но најважна за нив е добрата интернет мрежа за да комуницираат со своите најбилски. Се надеваат дека бројката на заболени ќе почне да се намалува.

Дефинитивно сме загрижени. Отсекогаш сме биле загрижени, но сепак си велиме дека доколку периодот на инкубација е две недели, а карантинот е за две недели, тогаш треба да се појавуваат и нови случаи уште некое време. Се надевам дека ќе се намалат бројките, вели Шерил Монески, патник на бродот Дајмонд Принцез.

Властите во Јапонија велат дека изолацијата на бродот е единствен начин да се спречи ширењето на болеста, но дел од експертите сметаат дека мерката може да создаде уште повеќе инфекции. Потврдени се нови 44 заболени, со што бројот на заболени, на крузерот со кој патуваа 3.500 луќе, сега се зголемил на 218.

Досега се спроведени тестови на 492 лица, потврдени се 174 позитивни случаи. Овој пат спроведовме тестови на други 221 лице, од кои 44 беа позитивни, изјави Кашунабу Като, јапонски министер за здравстви.

Јапонија денеска ја брои и својата прва жртва. Кинеската провинција Хубеи со рекорден биланс на смртни случаи и заразени- 242 мртви и повеќе од 14.800 заразени за еден ден, со што вкупниот број на луѓе кои починале од последици од новиот коронавирус во Кина сега се зголеми на 1.310, а бројот на заразени на 48.206.

По дводневниот состанок во Женева Светската здравствена организација соопшти дека разработува мастер план за координирање на клиничките испитувања на коронавирусот. Зголемениот број заболени го оправдуваат со „пошироко дефинирање“ на болеста, сега наречена Ковид 19.

Во меѓувреме крузерот „Вестердам“, чие прикотвување го одбија пет азиски и пацифички земји, конечно запре кај Камбоџа, следува тестирање на 2.200-те патници.

Билјана Ставрова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ