Нови снимки на “Рекет”

На денешното рочиште за случајот “Рекет” се прзентираат видео снимки, кои со камера ги снимил бизнисменот Орце Камчев. На првата снимка се слушаа разговор меѓу Камчев, Јовановски и Ана Камчева.

Во неа се слуша како Боки 13 во детали ги објаснува чекорите како ќе постапи Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во врска со случајот „Империја“ во кој беше осомничен и Орце Камчев. По разговорот со реакција се јави обвинитетиот Бојан Јовановски кој рече дека снимката не треба да се смета за доказ, бидејќи води приватен разговор и снимката е незаконски стекната. Според него, разговорот е нејасен бидејќи користи неточна правна терминологија.  Неговиот адвокат Сашо Дуковски додаде дека на снимката недостасувал датум и време. Обвинителката Вилма Русковска појасни дека овој разговор не е снимен со посебни истражни мерки, за да има точен датум и време. По првиот разговор беа презентирани уште седум снимки, кои не беа во целост разбирливи за присутните во судница.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ