Законот за јазици без дебата и на ЕНЕР

Законот за јазици не беше ставен на Единствениот електронски регистар на прописи, со што му е ускратена уште една можност за дебата со јавноста. Од МЦМС, кои вршат анализа на консултациите со јавноста на ЕНЕР, велат дека се случувало, и собраниска комисија да стави предлог-закон на овој регистар, но со овој закон тоа не е случај.

Повеќето закони предложени од владата и министерствата се ставаат на регистарот, но таму остануваат колку што е законскиот минимум на денови, а тоа се дваесет дена.

Граѓаните, пак, ниту не знаат за постоењето на регистарот и можноста таму да ги оставаат своите мислења. Најчесто регистарот го користат граѓанските организации и засегнатите правни лица.  Министерствата ретко даваат повратни одговори. Во 2017 година биле поставени 138 закони, од кои 47 се преминати во Собранието на усвојување. Од нив , отстапки од законскиот минимум за консултации имало во министерството за финансии-3, две во труд и социјала и 1 во Министер. За култура. Во моментов на регистарот се наоѓаат десет предлог закони.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ