Наќе Чулев обвинува за злоупотреби на тендери за пасошите, Спасовски му врати да го реши проблемот

Милионски злоупотреби со набавката за обрасци за пасошите открил министерот за внатрешни во техничката влада наќе Чулев.

Како директен виновник го посочи неговиот претходник Оливер Спасовски. Истрагата покажала дека во времето на Спасовски договорот за набавка кој бил склучен без тендер и тежел повеќе од 7 милиони евра, со анекс скокнал за 5 милиони.

Така вкупната сума во договорот со фирмата Веридос достигнала повеќе од 12 милиони евра.

Проблематична е , вели Чулев, и набавката на хардвер од истата фирма кој чинел 7 милиони евра, а за кој не е нарачан софтвер.  

Чулев објави дека сите податоци ги дал во обвинителството за гонење на организиран криминал.

Смета дека во злоупотребите освен Спасовски, се вклучени уште неколкумина помошници министри за јавни набавки.

Според него тие не изготвувале технички спецификации за тоа како ќе изгледаат обрасците, немало услови според кои ќе се реализира договорот, туку ја оставиле фирмата сама да решава.

Кога комисијата која одлучвала укажала на незаконитостите Спасовски ја променил.

Инаку за сега состојбата со издавањето на пасопши се скенира, а Чулев најави дека утре ќе објави каво решение ќе се најде.

Издавањето е во застој оти доцнел тендерот за обрасците.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ