Аналитичарите очекуваат договор за законот за јазици

Експертите се оптимисти дека до крајот на неделата политичките партии најверојатно  ќе постигнат компромис околу Законот за јазиците. Различните ставови според нив не доведуваат до  криза во парламентарното мнозинство туку се резултат на  некоординација внатре во пратеничките групи. Петар Арсовски вели дека на крајот се ќе заврши онака како што соопшти спикерот  Талат Џафери, односно законот ќе го стави на гласање.

Аналитичарот Алберт Муслиу предупредува дека евентуална расправа по амандманите би го закочила целиот реформски процес.

Следната недела Врховниот суд ќе одлучува по жалбите на осомничените од настаните на 27 април. Ова може да влијае на враќањето на Вмро Дпмне во парламентарните клупи.

Аналитичарите ги повикуваат партиите да се однесуваат разумно и при носењето одлуки да се носат  од интересите на државата.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ