
(видео) ВМРО ДПМНЕ бара денеска да се распушти Собранието
ВМРО ДПМНЕ побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери да свика итна седница за распуштање на парламентот.
– Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веќе поднесе Предлог на Одлука за распуштање на Собранието на Република Македонија на 5 – ти февруари и бараме истата денес да биде ставена на одлучување пред пратениците. Одлуката беше поднесена поради се по очигледните обиди на СДСМ да проба да избега од договорените избори иако сите услови за одржување на предвремени парламентарни избори се исполнети. Од друга страна, сведоци сме на обиди од страна на СДСМ и Зоран Заев да поставуваат некакви нови услови кои што не се воопшто поврзани со одржувањето на изборите, изјави во Собранието координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Сакаме да го потсетиме господинот Талат Џафери, дополни Мицевски, дека токму тој кажа дека Собранието мора да се распушти на 12 февруари со што би се испочитувале роковите предвидени со законот и Уставот.
Од СДСМ вратија дека Законот за ЈО треба да се исгласа во Собранието, а дека ВМРО ДПМНЕ бега од него, и затоа брзаат со распуштање на Парламентот.