
Собранието гласаше за НАТО
Во војнички спакуван триаголник знамето на НАТО, пренесено од рака до рака и на крај гардиските на Армијата го развеаја на јарболот пред Собранието. Иако уште се чека абер од Шпанија, пратениците пред да се распуштат во пресрет на изборите во еден глас прифатија да се изгласа законот за ратификација на Северноатлантскиот договор
114 пратеници притиснаа “ЗА” , немаше друга боја на таблата со преброени гласови.
А веднаш потоа и најголем дел од присутните со аплауз го поздравија сопственото историско учество во гласањето Република Северна Македонија да стане 30-та членка на НАТО.
Консензус како ретко околу кој беа согласни сите, и граѓаните и политичарите рече претседателот Стево Пендаровски . Но по патот имаше компромиси.
Сите ги спомнуваа граѓаните, но им се заблагодарија и на сите претходни собраниски состави и владини гарнитури.
Веднаш по изгласувањето со аплауз за склучените договори и желбата за члентсво беа упатени и од претставникот на Алијансата.
Гласањето помина, документот со денешната ратификација ќе биде испратен во Вашингтон откако и Шпанија ќе го изгласа членството на Северна Македонија во НАТО.
Сега како што рече врховниот командант одговорноста се зголемува, а реформите не запираат.
Миомир Серафиновиќ