
Зоран Заев и Катица Јанева пронајдени во телефонот на Боки 13
Две недели пред екс премиерот Зоран Заев да го пријави случајот Рекет, бојан Јовановски го молел за средба. Ова го откри вибер комуникацијата меѓунив, која Боки ја препраќал на неговата мајка.
Најдена е во неговиот телефон после вештачењето за сличајот Рекет. На денешното рочиште обвинителкаата ја читаше како еден од доказите.
Боки 13: Те молам да ме примиш. Твоето име никогаш не сум го злоупотребил и за се што сум знаел прво тебе сум ти пишувал. Јас сум ти пријател и другар не се служам со дворски игри па те молам да се видиме. Ви кажувам во име на познанството и меѓусебното почитување да ме примите. Никогаш не сум играл дупло, не сум го злоупотребил вашето име.
Зоран Заев: Ги видов доказите, огорчен сум и пред сериозни одлуки. Ова што се случува е грозно и јас како претседател на Владата, сум должен и ќе постапам. Ќе се видиме и ќе се соочиме. Ова е чист рекет.
Заев денеска, негира дека после овој разговор се сретнал со бојан Јовановски. Но не одговори зошто воопшто му кажувал дека ги има доказите и ќе го пријави.
Но телефонот на Боки 13 не крие само пораки туку и фотографии и видеа. И тоа со екс специјалната обвинителка Катоца јанева која сега е обвинета со него за рекет. На една од фотографиите, од февруари лани таа е во полулежечка поза, на гарнитурата во нејзиниот дом а пред неа има купче пари.
Сноп со по петстотки во евра. Од истиот момент има неколку фотографии од различни агли но и видеа за кои наликува дека јанева не знаеле дака ја снимаат. Куси се и се слуша само дел од тоа што зборува Јанева.
Ќе одлучат па ќе планираме. А што ќе одлучат ќе видиме
Една од фотографиите па открива дека е од канцеларијата на Јанева во СЈО, а таа држи документ во рака, кој ако се зумира се гледа дека дел од предмет на СЈО. Инаку псевдоним за Јанева бил Мајка и тоа го користеле во комуникацијата братот на судијката Весна Димишкова, адвокатот Васил Димишков и Боки 13.
Во Четврток продолжува судењето на кое ќе се гледаат видео снимките во целост кој ги објави весникот Ла верита.
Билјана Николовска