
Поднесени два амандмана на законот за Јавно обвинителство
Алијансата на албанците преку амандман бара незаконски прислушуваните материјали да се користат како докази во постапките кои се отворени по 30-ти јуни 2017 година, додека пратеникот Панчо Минов се залага за спротивното, да се забрани нивно користење.
За овие амандмани Комисијата за европски прашања ќе расправа утре. Мнозинството не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се симне законот за јавно обвинителство од дневниот ред.
Тврдат дека корегираниот текст е противуставен и противзаконски.
Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска ја обвини опозицијата за неконструктивност.
Тврди дека со измените на законот во членот 110, прислушуваните материјали може да се користат како индиции, но не и како докази во постапките.
Законот можно е да се најде на собраниска седница во четврток, но и натаму виси обезбедувањето 2/3-тинско мнозинство за гласање.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ вршат притисоци врз некои пратеници да не дадат подршка.
Покрај Беса и Алијансата, неизвесна е и подршката на Елизабета Канческа Милеска од независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ.
Jулијана Пешевска