Мизрахи не се откажува од паното со старото име на државата

Техничката министерка за труд и социјална работа Рашела Мзирахи не се откажува од паното со старото име на државата во салата за прессконференции. Барала но не го нашла банерот пред кој нејзината претходничка Мила Царовска се обраќала во јавноста. Нова табла нема да изработи категотрично им одговори на новинарите Мизрахи, бидејќи не го прекршила законот и затоа не стравува од санкции.

Укорот за Мизрахи првично стаса од грчка страна со протестна нота до министерството за надворешни дека двајцата технички министри го кршат договорот од Преспа, а во јавноста разрешување на Мизрахи од собранието преку предлог од владата побара ресорниот министер Никола Димитров. Мизрахи, не го видела протестот и според експерти со кои таа се консултирала не е должна да го користи името Република Северна Македонија.

Димитров побара, Мизрахи одбива да ги прифати забелешките дека го крши уставот, додека,пак, техничкиот премиер Оливер Спасовски сака прво да разговара со неа да види дали таа државните интереси ги става над партиските, па птоа ќе одлучи дали ќе отпочне постапка за разрешување на Мизрахи, барем додека собранието се уште е активно пред договорените парламентрани избори. Додека министрите бијат битка кој е во право – реакција пристигна и од поранешниот грчки шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас, кој, пак, побара да ѝ се забрани на Мизрахи да патува во земјите од ЕУ.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ