ВМРО – ДПМНЕ бара да се симне од дневен ред точката за Јавно обвинителство

Поднесени се два амандмани на законот за Јавно обвинителство. ВМРО – ДПМНЕ, на денешната седница за европски прашања побара да се симне од дневен ред точката за Јавно обвинителство со образложение дека нема одлука на влада. Предлогот не беше прифатен.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање рече дека кога ќе стигне законот на гласање, тогаш ќе се види дали го има потребното двотретинско мнозинство, односно 80 пратенички гласа.

  • Во неделата имав збор од најмалку 80 пратеници но, има голем притисок врз пратениците и се случува вистинска драма, рече Заев.

Собранието вчера ја изгласа потребата од носење на законот за јавно обвинителство, во мометов тече седницата на комисијата за европски прашања.

А во текот на вчерашниот ден се одлоговлекуваше почетокот на седницата поради погрешниот текст кој им бил  доставен на пратениците.

Опозициските пратеници од ВМРО – ДПМНЕ обвинија дека се работи за фалсификат. А министерката за правда Дескоска објасни дека стручните службите напавиле превид.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ