
Села: Повлекувањето на законот за јазиците е предавство на СДСМ
Алијансата за Албанците го нарекува предавство на СДСМ повлекувањето од законот за употреба на јазиците, пренесува Алсат М.
Според Села сегашната влада е формирана токму со условот за донесување на законот за употреба на јазиците и оти пратениците на Алијансата биле гарант за мнозинството во парламентот.
„Овие политички игри на СДСМ ми личат на нејзино враќање на својот идентитет и својот извор. Овој закон за употреба на јазиците требаше да се донесе во 2004 година како нормативен дел од охридскиот договор. Токму СДСМ и ДУИ беа тие кои не го донесоа овој закон тогаш“, изјави Зијадин Села.
Села додава дека во овие случаи ДУИ веќе треба да ја преразгледа својата позиција на власт.
„Ова е кршење на договорот, ДУИ мора да седне и да разговара за ова прашање со Зоран Заев и ако не помине законот за употреба на јазиците, мора да ја напуштат владата“, вели Села.