
Скандалот во “Лазо Ангеловски” во фокусот на КОД
Мобинг, напади, семејни драми, слики со експлицитна содржина од вработени во училиштето – ова е секојдневниот на наставничкиот и техничкиот персонал во ова училиште со месеци наназад а сведоци се токму тие кои не смеат да бидат – децата ученици.
Родители и вработени во „Лазо Ангеловски“ контактираа со КОД, откако сите обиди за институционално решавање на овој сериозен проблем и скандал завршија неуспешно.
Дел од нив ги доставија и сликите со експлицитна содржина поради кои ќе се случи инцидент во училиштето а однесувањето на директорот Перо Арсеновски ќе ескалира.
Идентитетот на лицата на овие фотографии нема да го откриеме. Сите без исклучок ја лоцираат вината во директорот Арсеновски. Нивните сведочења се вознемирувачки.
Непристојни предлози, закани и омаловажувања е арсеналот на Арсеновски на неговото работно место.
КОД контактираше со директорот на „Лазо Ангеловски“. Во телефонскиот разговор децидно ги отфрли сите обвинувања. Арсеновски не се согласи да зборува пред камера, ниту пак да одговори на поставени прашања преку електронска пошта.
„Се што е напишано кај вас и сите информации со кои располагате се невистини и тенденциозни. А не знам за што станува збор. Се работи за неработници и за луѓе кои сакаат да направат зло.“ , тврди Арсеновски.
Наставничка, која не сакаше да зборува пред камерата на КОД, тврди дека дала отказ од училиштето не можејќи да ја издржи константната тортура на Арсеновски и секојдненото сексуално вознемирување.
Родител на ученик од прво одделение кажа дека го отпишал своето дете по скандалот со експлицитните фотографии.
Една од вработените во училиштето се одважи и собра храброст да зборува за наметнатиот пекол во „Лазо Ангеловски“.
Огнен Чанчаревиќ